Заверен судски превод од англиски на македонски јазик и обратно
Точен превод. Транспарентни цени.
Испратете ни го документот како што Ви е најлесно и најбрзо: е-пошта, Viber, форма или лично во Скопје и Битола.
Зошто Литера?
-
Овластен судски преведувач
Преводите ги изработува и заверува судски преведувач поставен со решение од Министерството за правда.
-
Транспарентни цени
Ја знаете цената пред да нарачате, без скриени трошоци.
-
Онлајн нарачка
Испратете го документот онлајн. Ќе ве известиме кога преводот е готов.
-
Деловна соработка
Посебни цени и можност за месечно фактурирање за нотари, адвокати и компании.
Најбарани документи
Ова се документите што најчесто ги преведуваме. Не го гледате Вашиот? Испратете ни го, ќе Ви одговориме.
Сите услуги и документи-
Лични документи
- Пасош и лична карта
- Уверение за државјанство
- Извод од матична книга на родени и венчани
-
Образовни документи
- Диплома и уверение за положени испити
-
Деловни документи
- Тековна состојба и документи за фирма
- Договори
-
Судски документи
- Судски пресуди и решенија
- Уверение за неосудуваност
Колку ќе чини Вашиот превод? Пресметајте ја цената за неколку секунди.
Пресметајте ценаКако функционира?
Испратете го документот
По е-пошта, Viber, преку формата на сајтот или лично.
Ја потврдуваме цената и рокот
Го прегледуваме документот и Ви ги потврдуваме цената и рокот.
Преведуваме и заверуваме
Преводот го изработува и заверува овластен судски преведувач.
Го добивате преводот
Заверениот превод го подигате лично во Скопје или Битола. Ако не Ви треба хартиена копија, Ви го испраќаме скениран во PDF.
Деловна соработка
Работите со судски преводи секој месец? За нотари, адвокати и компании нудиме посебна понуда.
Чести прашања
Што е заверен судски превод?
Заверен судски превод е превод изработен и заверен со потпис и печат од овластен судски преведувач.
Колку чини судскиот превод?
Цената зависи од видот и обемот на документот. Во цената се вклучени три примероци од заверениот превод. Преку нашиот калкулатор можете да добиете проценка на цената пред да го испратите документот.
Колку време е потребно за изработка на преводот?
Времето на изработка зависи од видот и обемот на документот. По прегледот на документот, ќе Ви го потврдиме рокот за изработка.
Дали треба да дојдам лично за да нарачам превод?
Не. Документот можете да го испратите онлајн, без потреба од лично присуство. По изработката, преводот можете да го подигнете лично или да добиете скенирана копија во PDF формат.
За што е потребен заверен судски превод?
Државните органи и институции ги водат управните и судските постапки на службениот јазик на државата. Документите се приложуваат во овие постапки со цел докажување факти од значење за конкретната постапка. Кога определен факт се докажува со документ издаден во друга држава или на странски јазик, потребно е документот да биде преведен на службениот јазик на државата во која се води постапката од страна на овластен судски преведувач, за да може да има доказна вредност.
Каде сме
Испратете барање
Пополнете ја формата и прикачете го документот. Ќе Ви одговориме со цена и рок.
Барањето е испратено
Ви благодариме. Го добивме Вашиот документ и ќе Ви одговориме со цена и рок.